Поплави после силните врнежи, 12 лица се удавиле во Уганда

0
77

Пронајдовме 12 тела во вода како и едно повредено лице кое е префрлено во болница“, наведуваат од Црвениот крст.

Полицијата, војската и мештаните се во потрага по  исчезнатите по поплавите. Властите наведуваат дека се уште не се знае колку луѓе исчезнале во поплавите близу границата со Конго.

Поплавите се честа појава во тоа подрачје, но научниците наведуваат дека оваа година е забележан поголем број поради климатските промени на Индискиот океан.