Поповска: Огорчени сме од амандманите со кои се блокираат измените во Изборниот законик

0
100

Огорчени и непријатно изненадени од илјадниците амандамани со кои се блокираат измените во Изборниот законик за една изборна единица и отворени листи, пратениците предводени од пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска ги повикаа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ги повлечат амандамните и да се донесат измените.

Според пратениците, нејасно е зошто има толку амандмани, бидејќи и со една десетина од тие амандмани ќе се блокирало носењето на измените во Изборниот законик. Од ДУИ пак, тие добиле позитивен сигнал, бидејќи ги повикале на разговор.

 

„Сакавме разговор со иницијативата. Затоа ние 15 од различна партиска, етничка и верска припадност ги замоливме за средба и се обративме кај тројцата лидери. Освен СДСМ, двете партии, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не игнорираа. Ги поканивме и на дебатата во која исто така не игнорираа. Не ни остана ништо друго, освен да ги предложиме измените кои ги договоривме ние и СДСМ. Нашите предлози водат кон демократизација, но и поголемо влијание на граѓаните во изборите“, рече Лилјана Поповска.