Почина едeн полицаeц од несреќата кај Гостивар

Еден од двајцата полицајци кои вечерва беа примени на Скопските клиники им подлегна на повредите здобиени во сообраќајната несреќа кај Гостивар, дознава глас.мк. Според нашите извори тешка е состојбата и на другиот.

Полицајците обезбедувале место на сообраќајна несреќа кај Гостивар, кога во нив удрил друг АВТОМОБИЛ форд Фокус со Кичевска рег ознака. Поради сериозноста на повредите веднаш биле пренесени на скопските клиники.