Прв пат по 200 години , наместо во Нотр Дам , Божикната миса се одржа под циркуски шатор

Архиепископот на Париз оваа недела објави дека ова е прв пат по 200 години да не се одржи Божиќна миса во соборниот храм.

Мисата се се одржа утрово во паркот Боис де Болоњ, на западната страна на француската престолнина, пренесува француската радио мрежа Франсинфо.

Познатата париска црква беше проголтана од пожар во април, а нејзиниот покрив и кулата беа целосно уништени.