Продолжуваат протестите во Индија , досега шестмина загинати

0
95

Шест лица беа убиени во протестите во североисточниот град Асам во четвртокот, а немирите се раширија во другите делови на земјата.

Законот поради кој што почнаа протестите им овозможува на луѓето кои не се од муслиманска вероисповед да добијат државјанство во Индија ако престојуваат илегално во Бангладеш, Пакистан и Авганистан.

Протестите продолжија и денес во Делхи на престижниот колеџ Џемија Милија и покрај вчерашните насилни судири што резултираа во апсење на 35 студенти. Универзитетот соопшти дека полицијата извршила рација без дозвола и дека ги навредувала студентите и вработените.