Продолжува битката за паркинг просторот кај „Беверли Хилс“

Тајно и без присуство на менаџментот, во раните утрински часови надлежните го срушија објектот за наплата на паркингот во Беверли Хилс.

– Компјутер, фискална каса, грејни тела, канцелариска опрема беа уништени при уривањето на наплатаната каса. Според менаџментот, штетата е околу 20.000 евра.

– Целата опрема е конфискувана без записник и без наше присуство, вели Коле Настов. Со престанокот престанува да функционира и трговскиот центар Беверли Хилс. Паркингот ни даваше средства за да ги подмириме основните трошоци за струја, за вода, за плати, за ДДВ, менаџер на трговскиот Беверли Хилс.