Пукање пред угостителски објект во Долно Блаце

На 14.12.2019 во СВР Скопје било пријавено дека во временскиот период од 00:05 часот до 00:10 часот пред угостителски објект во Долно Блаце биле испукани неколку истрели. Како што информира МВР, полициски службеници од Полициска станица „Долно Блаце“ излегле на местото на настанот и на паркинг просторот во близина на угостителски објект пронашле чаури од пиштол. Повредени лица нема. Полицијата работи на расчистување на случајот.