СДСМ: Мицкоски јавно да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат автентичното толкување поднесено од СДСМ

Најважно е да се обезбеди одговорност пред законите на сите оние коишто ги прекршиле, а не кој со што ќе се занима.

Со поднесување на автентичното толкување во Собранието СДСМ се бори за правда, за одговорност, за спречување на можноста од враќање на незаконската аболиција на Ѓорѓе Иванов.

Уставниот суд во средата одлучи да поведе постапка за оценување на членот 11 – а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 – та година. Членот 11 – а овозможува претседателот на државата да повлече веќе донесена одлука за помилување. Тоа, според правните експерти, може директно да влијае врз актуелните обвиненија и истраги, и предметите што ги почна СЈО врз основа на прислушуваните разговори. Дополнувањето на членот 11, со став 11 а, го направи претходниот собраниски состав кога мнозинството во Парламентот го имаше коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот Ѓорге Иванов донесе одлука за аболиција на педесеттина лица во 2016 година, но по протестите и реакциите од меѓународната заедница ја повлече одлуката.

Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска побара автентично толкување од Собранието, а пратеничката група на СДСМ во петокот го достави до претседателот на Парламентот Талат Џафери.