СДСМ: Не успеа планот на ВМРО-ДПМНЕ да ја врати аболицијата на Ѓорге Иванов

Не успеа планот на ВМРО-ДПМНЕ да ја врати аболицијата на Ѓорге Иванов. Не успеа ниту  планот на опозициската партија да ги спаси криминалците од своите редови.

ВМРО-ДПМНЕ од 2015 година па досега тврдеше дека одлуката на Иванов е исправна и врз основа на постоечки член.

Законодавно-правната комисија го потврди тоа што СДСМ со години го тврди, дека  членот 11 на кој тој ги темелеше помилувањата не постои во правниот систем.