Сопругата на Пендаровски: Сите ние сме едно семејство и секој член на нашето семејство заслужува да биде исполнет со радост и среќа

Сопругата на Претседателот на Република Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, се обрати на настанот „Едно семејство“, што се одржа под нејзино покровителство, а во организација на СОС Детско село – Македонија.

Со настанот „Едно семејство“ СОС Детско село ‒ Македонија им оддава признание на пријателите, донаторите и на поддржувачите на оваа организација.

Ѓоргиевска оцени дека во 18-годишното постоење, СОС Детско село – Македонија има постигнато солидни резултати во грижата за децата во ризик. Лично се заблагодари до сите што несебично одвојуваат средства, време, енергија и придонесуваат кон остварувањето на мисијата на СОС Детското село – Македонија.