„Стоп за насилството“ марш на црвените чадори

Стоп за насилството и стигматизацијата е апелот кој го упатија сексуалните работници и активисти за човековите права на денешниот Марш на црвените чадори. Надлежните институции и понатаму ги игнорираат нашите проблеми само затоа што се занимаваме со оваа работа, која ја работиме со страв, малтретирани и злоупотребени не само на улица, туку и во сопствените домови, револтирано реагираат сексуалните работници.

Денес сме повторно на улица, но колку нашиот глас се слуша. Денес сме на улица но со страв и под маски бидејќи знаеме дека утре повторно ќе бидеме осудувани дискриминирани силувани и злоупотребувани. Сакам сите да знаете дека и јас сум човек, мајка жена и одлучувам самостојно за мојот живот. Моето лично право на избор не треба да ви пречи. Се додека тоа не му штети на општеството,

вели Моника, сексуална работничка.