Техничката влада на прагот, партиите веќе планираат пост-изборни коалиции

Нема коалиција со партија која не го прифаќа Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и Законот за јазици, порача Ахмети, речеси во исто време кога Мицкоски најави ревизија на Договорот за името доколку има двотретинско мнозинство во Собранието..

Сепак, политичките аналитичари велат дека се ќе зависи од резулатот на изборите..

Просторот за коалицирање е отворен и секој со секого може да коалицира.

И двајцата аналитичари не очекуваат Предизборни коалиција кај големите партии кои претендираат да ја освојат власта, но дека се можни блокови на помалите партиите во обид да осовојат што е можно повеќе пратеници..