Тројца Кубанци приведени поради нелегален премин на границата меѓу Македонија и Грција

0
105

Тројца државјани на Куба се приведени поради незаконско минување на границата меѓу Македонија и Грција.

Како што се наведува во полицискиот билтен:

На 02.12.2019 во 10.40 часот во близина на река Негорчанка, на граничната линија помеѓу Р. Грција и Р.С. Македонија биле лишени од слобода Ј.О.Ф.С.(29), С.Ф.Ј.(32) и Ј.А.Х.С.(32), сите од Куба, поради незаконско преминување на граничната линија. Лицата се предадени на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.