Унгарија изгубила 8,5 милијарди долари поради санкциите на ЕУ против Русија

Будимпешта изгубила извозни можности и милијарди долари откако Европската Унија воведе економски санкции кон Русија, вели унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

– Иако секогаш охрабруваме чесен дијалог, санкциите ја отежнуваат, политички и економски, нашата работа, рече унгарскиот министер за надворешни работи.

На 13 декември лидерите на ЕУ го продолжија режимот на санкции против Русија за уште шест месеци – до јули 2020 година.