УСТАВЕН СУД: ОБИДИТЕ ЗА НАШЕ ОМАЛОВАЖУВАЊЕ НЕ СЕ ВО ИНТЕРЕС НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

0

Сензитивни на реакциите во јавноста, уставните судии возвратија со соопштение. Препознаваат упад и притисоци во пресрет на седницата на која ќе се одлучува по членот 11-а од Законот за помилување. Иако јавноста стравува дека евентуалната одлука за поништување на таа одредба би значела активирање на аболицијата за 56 лица која ја даде Ѓорге Иванов, судиите порачуваат никој да не им се меша во работата.

„Судот смета дека со коментарите и прејудицирањата, се врши директен упад и притисок за нормално функционирање на Судот и неосновано се повредува угледот на Судот и честа и личноста на уставните судии.“ – велат од Уставен суд на РСМ.

Темелни вредности на нашиот уставно-правен поредок, покрај другите, се владеењето на правото и поделбата на власта.За Уставниот суд е неприфатливо некој да се меша или да влијае во неговата работа и одлучувањето. Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни и секој е должен да ги почитува Уставот и законите.