Фити: Во Бугарската академија има членови што не се согласуваат со ставот дека македонскиот јазик не постои

Во Бугарската академија има членови што не се согласуваат со ставот дека македонскиот јазик не постои и оти тој е „писмено- регионална норма“ на бугарскиот јазик, вели претседателот на МАНУ Таки Фити. Според него, во оваа одлука е инволвирана политиката и вели тоа нема да ги наруши односите меѓу двете академии.

„Ние имаме одлични односи со БАН. Излезе тој документ каков што излезе, но јас имам и други информации, дека баш сите академици на БАН не го поддржале тоа. Тука е инволвирана бугарската државна политика, што не е во ред. Поради тоа нема да ги расипеме односите“, рече претседателот на МАНУ, Таки Фити.