ФК „Каменица Саса“ го одбележа Меѓународниот ден на лица со попреченост

Фудбалскиот клуб „Каменица Саса“ се приклучи кон одбележувањето на Меѓународниот ден на лица со посебни потреби. За таа цел претставници на клубот го посетија Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица.
-На нашите пријателчиња од Дневниот центар во Македонска Каменица им подаривме скормни подароци со што и ние решивме да дадеме свој придонес во одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Нашиот апел е, не само еден ден во годината туку секојдневно да се придружуваме кон промоција на еднаквост и инклузија на овие лица во сите сфери на општественото живееење, истакнаа од ФК „Каменица Саса“.