Премиерот во заминување на Косово, Рамуш Харадинај, изјави денеска дека Косово не е покането за следната средба за балканскиот „мини-шенген“ што ќе се одржи во Албанија.
Јас нема да присуствувам на средбата. Не сме добиле никаква покана- изјави Рамуш Харадинај пред новинарите.
На изјавата на Харадинај реагираа од албанската влада, кои наведуваат дека поканата е испратена до Претседателот на Косово, Хашим Тачи.