Цаца Николовска: Уставниот суд треба да води сметка што ќе донесат одлуките

0
80

Иницијативата е прифатена, што значи дека ќе се расправа. Би сакала самото расправање да биде на потранспарентен начин, да има експерти за да може и Уставните судии и граѓаните да слушнат повеќе, рече во емисијата „Само вистина“ судијката Маргарита Цаца Николовска.„

Ние за оваа ницијатива расправавме, така да во овој момент како ќе се заврши не би можела да кажам, јас се надевам дека судиите ќе размислат што значи враќање на една ситуација која претходно била расправана, што значи носењето на одлуката на претседателот во тоа време. Имајќи во предвид што се случуваше во моментот и по тоа, се надевам дека уставните судии ќе размислат. Не би рекла дека на тој начин се носи помирување. Не може да носите помирување во момент кога државата гореше. Јас заборавив дека Уставниот суд евентуално ќе одлучува за тоа. Треба да се има предвид дека Уставниот суд треба да води сметка што ќе донесат одлуките“, истакна Цаца Николовска.