ЦГК: Некои државни компании ни за 500 години не можат да го вратат вложениот капитал во нив

Некои државни претпријатија вложените пари во нив не можат да ги вратат ниту по 500 години, а рекордер е Национални Шуми со 1.494 години – покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации. 30-те најголеми претпријатија под државна капа во периодот од 2015 до 2018 година успеале приходите да ги намалат за 35 проценти во однос на претходно, но затоа пак не штеделе, ги зголемиле расходите и бројот на вработени. Побарувањата ги наплатувале во просек за 265 денови, а обврските не ги плаќале и по 514 денови. Рекордер е скопски Водовод – сметки лани наплатувал во просек за 148 денови, а своите обврски ги плаќал за рекордни 1.895 денови.

Обрнете внималние на една одредба од законот за јавни претпријатија каде има потенцијален ризик за управителот кога компанијата искажува загуба. Му се дава рок од 6 месеци да ја покрие во спротивно ќе биде разрешен,

вели Гацов.