Шест илјади евра казни за адвокатите во „ТНТ“ – тензична атмосфера на денешното судско рочиште

Маратонското судење за Космос кое почна вчера, денеска беше прекинато по неколку часовна тензична расправа.

Тројцата адвокати на обвинетите денеска не се појавиа на рочиштето кое судијата го закажа синоќа во 20 часот по цели 11 часа судење.

Судот ги казни со по 2 илјади евра со тврдење дека се обидуваат да го одолговлечат крајот на судскиот процес. Адвокатите пак известиле дека имаат претходно закажани рочишта.

Судијата Огнен Ставрев на обвинетите им додели адвокати по службена должност но и тие одбија да застапуваат клиенти во предмет кој воопшто не го познаваат.

Обвинетите во случајот се сомневаат дека тоа е обид на судот итно да го оконча предметот по секоја цена зашто пред крајот на декември во пензија ќе заминат двајца од судиите поротници.