ЌЕ ЗГАСНЕ ЛИ ШТИПСКИ „БЕТОН“, ДОВЕРИТЕЛИТЕ ОДЛУЧУВААТ ДАЛИ ГРАДЕЖНА КОМПАНИЈА ВО ДРЖАВАТА ЌЕ ОДИ ВО ЛИКВИДАЦИЈА

0

За една недела ќе се одржи собрание на доверители на штипски Бетон. Тие ќе го имаат последниот збор дали некогашниот градежен гигант  ќе се ликвидира или е можна негова реорганизација. На денешното рочиште во штипскиот Основен суд беше утврдено дека Бетон должи околу 15, а спорни се околу осум милиони евра.

„На денешното испитно рочиште стечајниот управник се изјаснуваше во врска со оспорените побарувања. Во Бетон се пријавени 577  доверители, од кои 124 се фирми, а останатите се поранешните работници на Бетон“, велат од Основниот суд во Штип.

Стечајната постапка за Бетон е отворена на 2-ри Јули годинава. Веќе е направен попис на имотот со кој располага компанијата што некогаш беше втора по големина во градежниот бизнис. Само од проектот „Скопје 2014“ заработи 55 милиони евра, но поради начинот на добивање на тендерите стана дел од истрагите и случаите на  сега згаснатото СЈО.