Австралија, се формираше „мега-пожар“ и неконтролирано се шири!

0
73

Силниот ветер во Австралија овозможи неколку големи пожари да се спојат во огромен мега-пожар кој е потполно надвор од контрола, пренесуваат странските агенции.

Според изјавите на официјални лица од противпожарната служба на Нов Јужен Велс, ветрот споил осум пожари кои зафаќаат површина од 300.000 хектари.

Критичната локација се наоѓа на околу еден час возење од градот Сиднеј, кој од пред неколку денови повторно е прекриен со густ чад.

https://twitter.com/AFP/status/1202854540019548160/photo/1

Властите се загрижени бидејќи огромниот пожар е помогнат од мошне силен ветер и температури повисоки од 40 степени. Пожарникарите засега се немоќни, а единствено што можат е да го евакуираат населението што е на линија на огнот.

Извор алсат