Автобус излетал од мост и паднал во река во Русија: 19 мртви, помеѓу жртвите има и деца

0
74

Најмалку 19 лица загинале откако во Забајкалскиот регион во Русија излетал автобус од шест метри висок мост и паднал директно во река.

Пет возила на Итната помош веднаш излегле на терен. Помеѓу загинатите има и две деца на возраст од 4 и 5 години, пренесуваат руските медиуми. Поединечни патници успеале да се извлечат од автобусот, а на местото на несреќата се слушале врисоци и повици за помош.

View image on TwitterView image on Twitter

Во меѓувеме, локалните служби за вонредни ситуации навеле дека се превртел туристички автобус кој пренесувал 43 лица, вклучувајќи го и возачот.

Возачот изгубил контрола над возилото кога излегол од автопатот во близина на железничката страница Куенга, во округот Сретенск. Автобусот бил во сопственост на приватен превозник.

Поради пукање на предното тркало, возилото излетало од мостот и се превртело во реката.