Академијата на науки на Косово – единствениот ефект од “малиот шенген“ е сериозното нарушување на односите Косово – Албанија.

0
118

Академијата на науки на Косово го нападна премиерот на Албанија, Еди Рама дека единствениот ефект од “малиот шенген“ е сериозното нарушување на односите Косово – Албанија.

„Соочени со внатрешни кризи и последователни неуспеси на реформските прашања и европските интеграции, со континуиран пораст на авторитаризмот и моќта на олигарсите, со кршење на правата за слободно изразување и опозициското делување, трите соседни држави на Косово, (Србија, Северна Македонија и Албанија) во последно време се актуелни во медиумите со еден договор кои треба да ги имитира важните работи на Европа, со таканаречениот балкански „мал Шенген“, произведувајќи го единствениот видлив ефект: Сериозно нарушување на односите Косово-Албанија и повредување на нашата чуствителност за овие односи“ се вели во реакцијата на Академијата