Ангеловска: МојДДВ #Моја награда ќе доделува по десет парични награди на дневно ниво

0
92

Со новата апликација МојДДВ #Моја награда која започнува од 15 декември, граѓаните освен што ќе можат да го остваруваат правото на поврат на 15 проценти од ДДВ, ќе можат да добијат и десет парични награди на дневно ниво. Сите граѓани кои скенираат фискални сметки ќе имаат еднакво право и можности да добијат награди.

Ова денеска го изјави министерката за финансии, Нина Ангеловска во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод саемот „Купи куќа, купи стан“.

 

-Сите граѓани кои скенираат фискални сметки ќе имаат еднакво право и еднакви можности да добијат парични награди. Ќе се доделуваат 10 парични награди на дневно ниво, четири награди од по илјада денари, три награди од по 2 илјади денари, три награди од по 3 илјади денари, на месечно ниво ќе има 12 извлекувања за 15 награди по сто илјади денари, и ќе има две главни награди од по 3 милиони денари, рече Ангеловска.