Ангелов: Гоце Делчев е Бугарин колку што Македонците кои имаат бугарски пасош се Бугари

0
81

Партијата „Достоинство“ ја одржа годишната конвенција, на која лидерот на партијата, Стојанче Ангелов ги повика сите оние кои се против режимот на ВМРО-ДПМНЕ да се придружат на неговата партија.

Ангелов коментираше и неколку актуелни теми и додаде дека Гоце Делчев е Бугарин онолку колку што Македонците кои имаат бугарски пасош се Бугари.

„Воопшто не треба да се преговара, никој нема право да преговара, ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик. Сметаме дека Гоце Делчев е Бугарин онолку колку што Македонците кои имаат бугарски пасош се Бугари. Ние сме за унапредување на јазичните права на сите македонски граѓани. Албанскиот јазик не смее да излезе надвор од мислењето на Венецијанската комисија“, истакна Ангелов.