Анестезиолозите најдефицитарни во болницата „8 Септември“ – руинираните операциони сали, конечно ќе се реновираат

0
85

Болничари и возачи од Градската болница 8-ми септември по неколкупати дневно носат материјали за микробиолошки испитувања на клиники и инситути. Болницата која има повеќе од 1000 вработени и полни чекални и болнички соби со пациенти, повеќе од 10 години функционираше без лабораторија. Лекари чекаа резултати за да ја утврдат дијагнозата на болниот а вработени губеа време во возење. Од утре брисеви и анализи конечно ќе прават во сопствени простории.

-Ќе ги имаме сите бактериолошки испитувања а во иднина и вирусолошки и молекуларни, ќе се прават и генетски испитувања, вели Андријана Шумановска, специјалист микробиолог

Но со новата лабораторија не се решени проблемите со кои се соочува болницата. Им фалат анестезиолози за да ги намалат листите на чекање за хируршки интервенции. За да нема целосен застој засега имаат времено решение со доаѓање на ваков кадар од КАРИЛ.