Апелација ги укина пресудите за Мијалков и Тачи, за „Титаник 2“ ќе има ново судење

0
65

Cлучајот „Титаник 2“, каде што меѓу обвинетите се ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, се враќа на повторно судење во Основниот кривичен суд.

Ваква одлука, според неофицијални информации, донесе Апелацискиот суд во Скопје.

Досега адвокатите што ги контактираше „360 степени“ не добиле официјално решение, а од Апелацискиот суд, пак, велат дека до крајот на неделата ќе излезат со официјално соопштение.

Случајот во Основниот kривичен суд во Скопје го водеше судечки совет на чело со судијата Огнен Ставрев, а во советот беа и судијата Осман Шабани и тројца поротници.

Со првостепената пресуда, која со одлуката на Апелација се укинува за сите обвинети, Мијалков доби 3 години затвор, а на 3 години и 2 месеци беше осуден Мендух Тачи.