Ахмети ја „отпиша“ ВМРО-ДПМНЕ од партнер за влада?

0
102

На три и пол месеци пред предвремените парламентарни избори, Али Ахмети од партискиот конгрес во Скопје испрати порака до Христијан Мицкоски дека без почитување на договорите со Грција и со Бугарија и на Рамковниот договор (законот за јазици), не треба да се надева на евентуална коалиција со ДУИ за идна влада. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, во говорот на денешниот партиски собир во Скопје речиси ги одбегна овие теми, но не можеше да го одбегне скандирањето од публиката: „Никогаш Северна, само Македонија“ и пеењето „Едно име имаме“

Демократската унија за интеграции (ДУИ) денеска го одржа четвртиот конгрес, на кој Али Ахмети беше реизбран за лидер на партијата. Тој, пак, од говорница им испрати јасни пораки на интегративците и на другите политички партии. Освен дека мора да има владеење на правото и проветрување во правосудството, Ахмети рече дека интеграцијата во НАТО и во ЕУ остануваат стратешки приоритети за партијата и дека секој што нема да ги почитува договорите со Грција и со Бугарија, како и Охридскиот договор, не може да смета на ДУИ како партнер.