Бектеши: Субвенции за сите граѓани што ќе набават нови возила со Еуро-5 или повисок еколошки стандард

0
87

Субвенции за сите граѓани што ќе набават нови возила со Еуро-5 или повисок еколошки стандард- најави министерот Бектеши. Ќе се стега обрачот околу возилата што загадуваат повеќе или ќе се зголемат давачките при увоз.

Првично, во Законот беше предвидено да се имплементираат две мерки од кои првата за вградување уреди на плин, метан, а втората за замена на старите возила со нови со Еуро-5 или повисок еколошки стандард.

Двете мерки, според Министерството за економија, беше предвидено да се субвенционираат по принципот „прв дојден, прв услужен“. Првата е веќе во тек и при крај, а за втората мерка ќе нема пари во 2020 година