Битолчанец лажирал дека е киднапиран за да земе „откуп“ од сопствениот татко

0
85

Вчеравечер во скопска Шутка е уапсен 29-годишне битолчанец кој бил пријавен за киднапиран откако од сопствениот татко заедно со уште неколку лица изнудил пари за откуп од наводните грабнувачи.

МВР соопшти дека случајот е пријавен на 14-ти декември од таткото на наводно киднапираниот 29-годишен битолчанец. Креаторот на сопственото киднапирање имал и претходно работа со судот и полицијата, издржувал затворска казна, имал повеќе кривични пријави, но имал и долгови кон различни лица.

-Случајот е расчистен односно утврдено е дека станува збор за фингиран настан, во кој покрај М.К. (киднапираниот) се инволвирани уште неколку лица, со кои М.К. бил во претходен договор со цел да изнудат пари од родителите. М.К. е приведен додека влегувал во возило „алфа ромео“, сопственост на неговиот татко, за кое возило, М.К. тврдел дека со него е грабнат, а кај него биле и дел од парите кои биле предвидени за негов наводен откуп, а претходно технички обработени, соопшти попладнево МВР.