Благајничката на Камчев: Во домот на Камчев однесов две спортски торби со 710.000 евра

0
78

Мирјана Бошковска, девизен референт и благајник во „Орка холдинг“ во моментот сведочи на судењето за случајот „Рекет“, а пред неа сведочеше Ана Камчева.

Таа пред судот појасни како ги вадела парите од приватните сметките на Камчеви.

 

-Во декември 2018 година во три наврати извадив пари од приватните сметки на Ана Камчева и од сметката на Ратка Камчева. Извадив 12 милиони денари, 5 милиони евра и нешто повеќе од 5 милони денари. Откако ги сменив во евра, со обезбедување ги однесов во домот на Камчев, рече благајничката.

 

Таа појасни и дека во февруари извадила поголема сума на пари.

 

-Во еден ден, во два наврати, извадив 18 милиони денари од сметката на Кристина, сестрата на Орце Камчев, и 21 милион денари од сметката на Ратка Камчева. Со обезбедување ги однесов во домот на Камчев и влеговме од задната врата. Влеговме во кабинетот на Камчев, и ги пребројавме парите. Ги средивме, направивме спецификација, и парите ги ставивме во торба. Потоа обезбедувањето ме однесе, рече Бошковска.