Британците повторно гласаа за Брегзит

0
71

Британскиот премиер Борис Џонсон ги одведе конзервативците до историска победа и големо мнозинство. Во кампањата речиси се’ се вртеше околу Брегзит и ова е и глас за паролата на Џонсон „Get Brexit Done“. Џонсон слави голема победа: конечните резултати сѐ’ уште се чекаат, но неговите конзервативци по пребројувањето на гласовите во повеќето од вкупно 650 изборни единици некаде околу 6 часот наутро по локално време можеше да прогласи победа во 326 од нив. Тоа е магичната граница со која конзервативците освоија апсолутно мнозинство во Долниот дом во британскиот парламент. Според последните прогнози, ториевците би можеле да освојат до 360 од вкупно 650 мандати.

Се надевам дека вечерва ќе можете да славите“, им напиша Џонсон во електронска порака на членовите на својата партија. Лабуристите предводени од левичарот Џереми Корбин претрпеа историски пораз, освојувајќи само 203 изборни едниници. Корбин пред изборот вети „вистински пресврт“ кој избирачите очигледно не го сакаат. Тој најави дека ќе остане засега на чело на партијата, но дека никогаш повеќе нема да се кандидира за премиер.