Бугарскиот амбасадор во Скопје: Официјалниот став на Бугарија за јазикот е Декларацијата на Парламентот

0
77

Официјалниот став на Бугарија е декларацијата на Парламентот, поофицијален став нема од тоа, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов во одговор на новинарско прашање дали ставот на Бугарската академија на науките (БАН) со кој се негира македонскиот јазик е и официјален став на Софија.

 

БАН објави реакција на Повелбата за македонскиот јазик на МАНУ, во која вели дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик.

 

-На 3 декември 2019 година Собранието на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) усвои „Повелба за македонскиот јазик“. Во неа се конструирани историски и јазични аргументи за заштита на официјалниот книжевен јазик во Република Северна Македонија како посебен самостоен јазик со континуитет и генеалогија, кој во Скопје е наречен „македонски“, реагираше БАН и посочи дека документот предизвикал „многу сериозни научни забелешки“.