Владата предложи 19 имиња за амбасадори

0
73

На затворена седница, Владата го усвои списокот со 19 предлози за именување на амбасадори на Македонија во разни држави. Следува листата да му се поднесе на претседателот Стево Пендаровски. Алсат неофицијално дознава дека меѓу предлозите за амбасадори, кои се усвоија од Владата се:

Предлозите за амбасадори, усвоени од Владата

Рами Реџепи – Рим

Шпреса Јусуфи – Приштина

Шабан Јашари – Катар

Бети Јачева – Хаг

Васко Грков – Белград

Сашко Тодоровски – Стразбур

Мишо Докмановиќ – Тел Авив

Данчо Марковиќ – Тирана

Милаим Фетаи – Загреб

Фатон Бејта –Копенхаген

Дане Талески – НАТО

Од овие имиња, само првите четворица кандидати се дипломати од кариера, а според новиот Предлог закон за надворешни работи, 80% од амбасадорите треба да бидат дипломати од кариера. На листата која денеска ја разгледа извршната власт првично имаше 21 предлог, но за двајца од нив продолжува разгедувањето. Така што, останува да се избере меѓу Теута Демјаха или Андреј Жерновски за шефот на дипломатско – конзуларната мисија при ООН во Женева. А останува да се дефинира и идниот амбасадор во Вашингтон, САД за која позиција беше спомната и градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи. Арифи не ги криеше своите амбиции за оваа позиција, затоа останува нејасно зошто на денешната владина седница не се изнајде „заеднички јазик“. Инаку, во последната реакција, најголемата опозициска партија ги предупреди партиите на власт да не именува партиски амбасадори, бидејќи истите ќе се разрешат доколку на изборите победи ВМРО ДПМНЕ. Инаку, долго време 23 амбасади на Македонија во светот се без амбасадори, поради неусогласеноста со претходниот претседател Ѓорге Иванов.

Izvor alsat