ВМРО во четврток ќе пресече за министерот во МВР

0
141

До втори јануари претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да предложи ново име за технички минстер  за внатрешни работи. Ова премиерот Зоран Заев му го кажал во телефонскиот разговор на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи предлогот Драган Ковачки бил противуставен.

„Останатите кандидати се прифатливи бидејќи не се под обвинение. За МВР очекуваме да дадат друг кандидат до 2 јануари. Предлогот Драган Ковачки не е во согласност со членот 97 од Уставот кој предвидува раководител во одбраната или полицијата пред изборот најмалку три години да биде цивил“, наведуваат од СДСМ.

Но, од ВМРО-ДПМНЕ за Алсат велат дека остануваат на својот став, Ковачки да биде новиот прв полицаец.