ВМРО-ДПМНЕ : Баба Перса му ја кажа вистината на Заев во очи

0
78

Зоран Заев ништо не работи. Неговите лаги веќе не минуваат. Неговото „ќе” и празните ветувања со кои ги потценува обичните луѓе, предизвикуваат револт.Граѓаните во лице му кажуваат дека не го бива, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Иако Македонија формално се уште не е членка на НАТО, Заев беше еден од лидерите на 30-те земји членки на Алијансата во Лондон на приемот во Бакингамската палата во вторникот вечер пред состанокот на Самитот на Алијансата во Лондон во средата.

Вчера веднаш штом Заев стапна на македонско тло отиде во приградската скопска населба Волково за да изврши контрола на работите околу изградбата на спортската сала, но кога требаше да даде изјава за медиумите, една револтирана граѓанка која се претстави како баба Перса почна да го прашува за канализацијата и неасфалтираните улици.

Заев тоа го искоментира како исценирана претстава, додека градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, отиде пред домот на жената и објави дека прагот пред нејзиниот дом е асфалтиран, на што потоа Перса реагираше дека таа тоа го платила од сопствени пари.

Заев пред почетокот на брифингот со новинарите, кога ја доживеа непријатната случка, рече дека, иако претходно доаѓа од приемите во Бакингамската палата и Даунинг стрит, убаво е кога се наоѓа во скопската населба Волково, затоа што, како што рече тој, „дома си е дома“.