ВМРО-ДПМНЕ: Доколку СДСМ е за НАТО ќе го поддржат ставот протоколот да се гласа предвреме

0
76

Доколку СДСМ е за НАТО тие ќе го поддржат ставот на ВМРО-ДПМНЕ, НАТО протоколот да се гласа предвреме во собрание, со одложено дејство на негово стапување на сила, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Бетиан Китев кој обвини дека ВМРО-ДПМНЕ е против еден од најважните закони за усогласување со НАТО стандардите.

 

„Бегањето од ратификацијата на НАТО протоколот пред време е резултат на стравот на СДСМ од извесниот пораз во април. СДСМ треба да се охрабри и да ги стави државните над партиските интереси. Очекуваме СДСМ да го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и да гласа за предвремена ратификација на НАТО протоколот, се друго е играње со судбината на граѓаните и Македонија“, се наведува во реакцијата.