ВМРО-ДПМНЕ нема да прави опструкции на автентичното толкување

0
88
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да прави опструкции на постапката за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, најави координаторот Никола Мицевски.
Сепак опозициската партија ќе побара од  Уставниот суд да бара мислење од Венециската Комисија за него по примерот на Албанија за судскиот ветнинг.
Барањето на СДСМ за автентично толкување за помилување на шефот на државата денеска е на седница на законодавната правна комисија откако вчера зелено светло за него даде и Владата.