Вооружена престрелка во „Александар Палас” без жртви и повредени-МВР го расчистува случајот

0
82

Драма со истрели од огнено оружје во Александар Палас. Непознати вооружени лица доцна синоќа упаднале во ресторанот од хотелот и пукале кон пет лица. Еден од гостите бил и полицаец. За среќа повредени нема.

Според полицискиот билтен, инцидентот се случил синоќа во 30 минути по полноќ. Вечерната дружба на петтемина лица, на возраст од 21 до 41 година, ја прекинале три лица кои влегле во ресторанот на Палас и почнале да пукаат кон нив. Полицаецот, кој за време на инцидентот не бил на должност, го извадил службениот пиштол и испукал кон тројцата напаѓачи, по што тие избегале.

Дека нешто се случувало покажува и оваа денешна фотографија. На неа се гледа поставено скеле и работник кој работи на санирање на штета – токму пред влезот од ресторанот во хотелското фоаје.