Во Албанија 6.500 луѓе се сместени под чадори после земјотресот

0
100

Кординаторот за менаџирање со кризи, Бледи Чучи, денеска ги соопшти бројките на оштетени домови и на луѓето што живееат во чадори. Според него во Тирана 525 куќи и 3100 станови се оштетени.

Што се однесува за сместувањето на луѓето погодени од земјотресот, тој рече дека 4000 лица се сместени во хотели, 2054 во сали додека 26 уште се во болници.

– 6500 луѓе се под шатори додека 390 во социјалните центри. 12 сопственици во Драч, изразиле готовност сами да ги покриват штетите од земјотресот – истакна Чучи.

Според податоците 39 школи се тешко оштетени, од кои девет во Тирана.

Чучи рече дека продолжува да пристигнува помош од Турција, Косово, Црна Гора и Хрватска, додека секој ден доаѓаат експертски групи за да ја видат состојбата на зградите.