Во Атина се одржува состанок на Советот на министри на Организацијата за црноморска економска соработка

0
119

Во рамки на грчкото претседателство со Организацијата за црноморска економска соработка, од утрово во Атина започна 41. Состанок на Советот на министрите за надворешни работи на земјите членки.

 

Како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција, за време на состанокот се очекува да се разгледаат можностите за дополнителна соработка меѓу земјите членки во областите како што се енергетиката, транспортот и туризмот, јави дописничката на МИА од Атина.