Во Лондон средба Заев – Пленковиќ: Успехот на Македонија е израз на реформите

0
75

На средбата двајцата премиери се согласија дека успехот на  Македонија во процесот за пристапување кон полноправно членство во НАТО е израз на спроведувањето на реформите и на успешното решавање на сите билатерални прашања, а членството во Алијансата доаѓа како потврда на исправноста на овие политики.

Премиер Пленковиќ на средбата ја потврди силната поддршка од Хрватска за Северна Македонија и дека двете земји сега имаат уште една заедничка точка која ги поврзува и ги охрабрува за продлабочување на пријателските односи со сојузништвото во НАТО, стои во соопштението од владината прес служба.