Во напад во Авганистан загинале јапонски доктор и петмина Авганистанци

0
66

Доктор од Јапонија и петмина Авганистанци убиени во напад

Доктор од Јапонија и едно медицинско лице се убиени во напад во источен Авганистан. Во истиот напад загинаа и петмина Авганистанци, соопштија тамошните власти.

Нападот се случил утрово во главниот град на провинцијата Џалалабад.

Напаѓачот отворил оган на возило во кое се превезувал Тетсу Накамура, кој ја предводел јапонската невладина организација Мировен јапонски медицински сервис. Во нападот Накамура бил тешко повреден, а биле убиени неговите двајца телоханители.

Јапонскиот доктор бил веднаш пренесен во локалната болница, но починал пред да биде пренесен со хеликоптер во болница во Баграм, источно од Кабул.