Во Пробиштип денес се отвора инвестиција од 15 милиони евра

0
75

Леарницата на компанијата „Крaнфилд Фаундри” во новата индустриска зона Неокази во Пробиштип официјално почнува со работа. Во леарницата треба по европски еколошки стандарди и со високо-автоматизирана технологија да се леат делови за автомобилската индустрија.

Инвестицијата е околу 15 милиони евра, а се очекува етапно вработување на околу 300 лица. Во првата фаза е предвидено вработување на 150 лица, од кои 50 работни места се за лица со високо образование.

Леарницата  се простира на површина од околу осум хектари, а се состои од производствен погон и административна зграда на вкупно 15 илјади метри квадратни.

На официјалното отворање на леарницата најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска.