Во Пробиштип наредната година ќе стартува проектот Дом за стари лица

0
82

Едното крило на Здравствениот дом во Пробиштип кое со децении не се користи ќе се адаптира во Дом за стари лица, а ќе има капацитет за 54 лица.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека овој проект, кој е дел од неговата Програма е влезен во Програмата на Министерството за труд и социјална политика за наредните две години. Според проценките во проектот, комплетната реконструкција и опремување на Домот ќе чинат околу 55 милиони денари.

– Овој простор кој е оставен на забот на времето ќе го ставиме во фукција и ќе го преадаптираме. Станува збор за простор од 2.000 метри квадратни, со капацитет за 54 легла, со можност тоа да прерасне во Дом за стари лица по највиски стандарди, вели Анастасов.