Во јануари ваучери за субвенции за инвертери, Заев призна дека проектот доцни

0
75

Ваучерите за инвертер-клима од 1.000 евра во замена со печките на огревно дрво, заинтересираните граѓани ќе ги добијат во јануари. Владината мерка предвидува 10 илјади семејства од Скопје, Тетово, Битола и Кичево да добијат вакви субвенции. Предност ќе имаат домаќинства со ниски приходи. Според премиерот Зоран Заев, постапката за аплицирање почнува од утре. Оваа мерка Владата ја најави уште во октомври со ветување дека до крајот на оваа година ќе биде реализирана. Но, Заев тврди дека постапката доцни поради потребните процедури согласно Законот за јавни набавки.