Вулин: Нема да влеземе во НАТО, догодина воена вежба со Кина

0
140

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин денеска изјави дека Србија нема да влезе во НАТО, додека Александар Вучиќ и ова парламентарно мнозинство ја предводат земјата.

„Ние соработуваме со НАТО, но соработуваме и со ОДКБ (Организација на договори за колективна безбедност која ја сочинуваат поранешни земји на СССР) кои не бараат од нас да се откажеме од дел од нашата територија“, рече Вулин во српскиот парламент.

Исто така тој ја најави првата воена вежба со Кина за следната година.

“Ќе имаме воена вежба со Кина следната година. Никогаш не сме имале, зошто не би научиле како Кинезите тоа го прават. Тие не се член на ниту еден воен сојуз и прашањето е зошто досега немавме таква вежба”, рече Вулин.