Вулканска ерупција изненади туристи во Нов Зеланд – пет мртви

0
81

Според полицијата, во моментот на ерупцијата во близина на вулканот на Белиот остров се наоѓале до 50 лица. Потврдена е смртта на петмина туристи, а 23 се спасени. Спасувачките екипи сѐ уште немаат контакт со група од десетина лица, изјави заменикот шеф на полицијата Џон Тимс пред новинарите. Повредени се 18 луѓе, некои од нив имаат изгорени од висок степен.